Куркумата е меѓу најдобрите дарови на природата, кои кријат несомнена моќ. Ние веќе сме навикнати на ориенталниот вкус на овој убав зачин и знаеме многу од неговите корисни квалитети.




Но, дали го користиме максимумот? Обично, потребни се приближно 21 ден за да се види ефектот на секоја здрава работа – храна, пијалок или корисна навика.
Само тогаш можеме категорично да кажеме дали нешто работи или не. Така е и со куркумата.
Ако очекувате особен ефект откако ќе испиете чаша златно млеко, тоа нема да успее. Но, ако сте упорни и земате една лажичка куркума дневно најмалку еден месец, ќе почувствувате голем број здравствени подобрувања во телото.




Во продолжение ви претставуваме што ќе ви се случи ако јадете по една лажичка куркума дневно:
Вашиот ум ќе се подобри
Куркумата го подобрува снабдувањето со кислород во мозокот. Благодарение на една од главните состојки на зачинот, невроните закрепнуваат побрзо, а тоа ги држи далеку болестите.
Ќе се подмладите
Куркумата делува длабоко и врз клетките на кожата, забавувајќи го појавувањето на првите знаци на стареење. Исто така, има антибактериско дејство, што е исто така добро за спречување на појава на акни.
Нема да чувствувате болка
Според многу научни студии, куркуминот има антиинфламаторно и аналгетско дејство, особено при хронични болки.




Нема да страдате од депресија
Истражувачите од Индискиот медицински институт неодамна објавија студија за куркума и нејзините ефекти кај луѓето со депресија. Испитани се 60 луѓе, а нивните поплаки се намалија по редовно внесување на зачинот.
Ќе го намалите ризикот од дијабетес
Куркумата значително го намалува нивото на шеќер во крвта и генерално го подобрува метаболизмот. Ова значително го намалува ризикот од дијабетес тип 2.
Ќе го намалите ризикот од рак
Куркумата го подобрува функционирањето на имунолошкиот систем и го спречува развојот на некои видови рак.




Ќе се намали ризикот од ревматоиден артритис
Антивоспалителните својства на куркумата дејствуваат на сите нивоа во телото. Една неодамнешна јапонска студија ги дополни податоците за овие својства на зачинот со нови наоди – дека редовното консумирање куркума го намалува ризикот од воспаление на зглобовите и инциденцата на артритис.


