Многу луѓе грешат кога ја мијат косата.




Иако вашата коса се шампонира двапати во фризерски салон, важно е да знаете дека нема потреба од тоа дома, бидејќи прекумерното шампонирање ги отстранува природните масла од скалпот, што може да предизвика првут и иритација на скалпот.
Дополнително, шампонот треба да се нанесува исклучиво на скалпот, а никако на прамените од косата и тоа во мали количини. Ако имате чувствителен скалп, разредете го шампонот со вода.
Без разлика колку е долга вашата коса, идеалната количина на шампон е со големина на метална паричка. Додека ја миете косата со шампон, нежно масирајте го горниот дел од главата минута до две, а потоа добро исплакнете ја косата.




Исто така, ако вашата коса многу брзо се мрсни, тоа може да биде последица на лошо плакнење, па на тоа треба да обрнете посебно внимание.


