ВО ОВОЈ ДЕЛ ОД ЛИЦЕТО НИКАКО НЕ СМЕЕТЕ ДА ГИ „СТИСКАТЕ“ МОЗОЛЧИЊАТА: Ако овде ги истискате акните, инфекцијата може да го зафати мозокот!

Знаете дека не смеете да ги стискате мозолчињата бидејќи воспалението можете да го направите уште поголемо, а една област на лицето е особено чувствителна – инфекцијата преку крвта може да стигне до мозокот. Еве кој регион е најопасен и кое е најдоброто решение!

Знаете дека не треба да ги „стискате“ мозолчињата во домашна верзија, бидејќи освен што можете да предизвикате уште поголемо воспаление, голема е веројатноста да ви се направат лузни.

Лицето е особено чувствително бидејќи кожата на него е потенка и помека отколку на другите делови од телото. Ова е особено точно за еден регион, кој е особено чувствителен бидејќи се наоѓа во областа на синусите.

Тоа е предел во форма на триаголник и го поврзува носот со аглите на усните. Постои кавернозен синус, односно вена која носи крв директно до мозокот. Посебно е чувствителен бидејќи секоја инфекција што се јавува таму има големи шанси преку крвта да стигне до мозокот и да предизвика многу поголеми компликации.

Секоја отворена рана, дури и мала, претставува ризик за развој на многу поопасна инфекција – вели д-р Џошуа Цајхнер, специјалист за дерматологија во болницата Маунт Синај во Њујорк.

Најдобриот совет што можат да ви го дадат дерматолозите и козметичарите е да не ги допирате мозолчињата. Никакви шанси! Но, тоа веројатно нема да ве спречи, особено ако акните се на незгодно место и се големи.

Обидете се да го исушите со помош на гелови за таа намена или специјални премази кои се во форма на мали кружни „фластери“ кои се лепат над мозолчето, а содржат салицилна киселина.

Ако тоа не помогне, а не можете воопшто да го игнорирате, важно е добро да го исчистите лицето со средство за чистење. Измијте ги рацете и исчистете го делот под ноктот каде што се акумулира најмногу нечистотија и бактерии.

Потоа земете марамче или стапче за уво и истиснете го мозолчето со нив. Немојте директно со ноктите. Откако ќе завршите со „стискањето“, нанесете антибиотска маст за да спречите развој на инфекција.

Поврзани објави

Comments

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Stay Connected

0FansLike
2,954FollowersFollow
0SubscribersSubscribe

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

НЕДЕЛЕН ХОРОСКОП ОД 8 ДО 14 МАЈ: Рибите можат да се заљубат на прв чекор, Стрелците имаат можност да ги жнеат плодовите од својот...

Дознајте што открива неделниот хороскоп за вашиот знак од 8 до 14 мај 2023 година! Овен Од крајот на март се соочувате со некои недостатоци во...

ВИКЕНД ХОРОСКОП ОД 05 ДО 07 МАЈ: Близнаците треба да се посветат на здравјето, а Стрелците на нежното водство на Универзумот

Дознајте што предвидува хороскопот за вашиот знак за викендот од 5 до 7 мај 2023 година! Овен Затемнувањето на Месечината во Скорпија ќе има силно влијание...

КОЈ ЌЕ ИМА СРЕЌА СО ПАРИТЕ ВО МАЈ 2023: Овие знаци ќе успеат да заработат повеќе и да ги подобрат финансиите

3 хороскопски знаци очекуваат среќа со парите во мај 2023 година - дознајте каква финансиска енергија ни носи овој месец! Пролетта е период на добри...

НЕДЕЛЕН ХОРОСКОП ОД 24 ДО 30 АПРИЛ: Близнаци – неделата ви започнува одлично, Девица – не е се така темно во љубовта

Дознајте што открива неделниот хороскоп за вашиот знак од 24 до 30 април 2023 година! Овен Драг Овен, во овој период не ви недостасуваат потврди и...

ВИКЕНД ХОРОСКОП ОД 21 ДО 24 АПРИЛ: Близнаците се справуваат со финансиски проблеми, срцето на Девицата ги шепоти тајните на среќата

Дознајте што открива хороскопот за вашиот знак за викендот од 21 до 24 април 2023 година! Овен Верувајте им на своите чувства и избегнувајте да бидете...