Како какаото влијае на здравјето – направете напиток на младоста, за зајакнување на имунитетот и целокупното здравје!




Какаото отсекогаш се сметало за напиток кој првенствено го консумираат децата, но малку е познато дека какаото е еликсир на младоста и здравјето за сите генерации, јакнење на имунитетот и зајакнување на виталноста.
Напитокот од какао позитивно влијае на концентрацијата, ја подобрува меморијата и циркулацијата на крвта, го одржува нормалното ниво на холестерол. Кога пиете шолја какао или мешате какао со топло млеко, добивате чувство на топлина и удобност.




Какаото содржи цинк, минерал кој е многу важен за производство на протеини и одржување на добро здравје. Зрната какао содржат здрави масти, јаглени хидрати, антиоксиданси и растителни влакна.
Присуството на елементот епикатехин во какаото му помага на телото да се бори против воспалителните процеси, го намалува ризикот од дијабетес и срцев и мозочен удар.




Многу луѓе избегнуваат да консумираат какао бидејќи веруваат дека е масно, но ако го консумирате умерено, може брзо да засити, да го регулира апетитот и со тоа да го намали ризикот од вишок килограми.
Се препорачува да се пие какао наутро, а еве рецепт за напиток од какао, во комбинација со други здрави намирници – одличен еликсир за младост, имунитет и виталност:




Во 300 мл топло млеко (кравјо или козјо) истурете 1 лажица какао во прав, додадете 1/2 лажичка цимет и 1/2 лажичка мелено каранфилче.
Добиената смеса ставете ја на средна температура и оставете да зоврие. Добиениот пијалок можете да го засладите со лажичка мед.






