За негувани стапала, ќе ви требаат три намирници што дефинитивно ги имате во кујната. Ослободете се од задебелената кожа на петиците и сами подгответе ги стапалата за на плажа со помош на три моќни намирници што ги имате во кујната.




Еден чај, едно овошје и еден зеленчук ќе бидат многу подобра „алатка“ од грубите турпии, и тие ќе работат исто како и скапите третмани во салони за убавина.
Кромид
Кромидот е богат со витамин Ц и помага при задебелена кожа на стапалата преку експресивно омекнување на кожата. За убава и нежна кожа, исечете главица кромид и добро истријте ги стапалата со неа.




Оставете го преку ноќ, и за уште подобар ефект, повлечете ги чорапите преку нозете. Во случај на силно задебелување, оваа постапка треба да се повторува неколку дена по ред.
Лимон
Лимонот, поточно кората од лимон, е вистинско мало чудо против задебелената кожа на стапалата. Имено, поради киселината што ја содржи во кората, лимонот брзо ја отстранува мртвата кожа.




Едноставно ставете парче кора од лимон на соодветно место и зацврстете го со крпа или фластер, а потоа оставете да делува преку ноќ.
Следното утро, отстранете ја кората и подмачкајте ја кожата со кокосово масло. Повторете ја постапката секој ден додека не исчезне задебелената кожа.




Камилица
Благодарение на антиинфламаторното и антибактериското дејство, камилицата е исто така многу ефикасна против задебелена кожа.
Ставете три или четири кесички чај од камилица во сад со топла вода (бројот на кесиња зависи од тоа колку вода сте истуриле. Почекајте малку да се излади водата, а потоа натопете ги стапалата околу 15 минути.




Потоа можете целосно безболно и побрзо од вообичаеното да ги отстраните задебелените области.


