Еве како се негува и која е тајната на младоста на Кејт Мидлтон




Индустријата за убавина неуморно работи на нови формули кои ќе ја направат кожата поубава, затегната и помлада. На полиците на аптеките има се повеќе производи, но во исто време многу дами се свртуваат кон природна нега.
Така, се дозна дека постои алтернатива за ботоксот и се наоѓа во едно мало и нежно растение, со темнозелени листови. Неодамна се дозна дека ова растение е дел од секојдневната нега против стареење на Кејт Мидлтон, војвотката од Кембриџ.




Познато е дека членовите на кралското семејство не смеат да подлежат на естетска хирургија или агресивни третмани. Затоа, војвотката бара природни алтернативи за зачувување на младоста, а ефикасен лек пронашла во растението Acmella Oleracea, кое уште го нарекуваат и бразилски оган.
Екстрактот од ова растение со години се користи за медицински цели поради неговите аналгетски својства. Во народната медицина, листовите од ова растение се џвакаат како помошно средство против забоболка, а може да се користат и во исхраната, како салата која има ефект на разладување.




Со потекло од Бразил, успева во други суптропски региони низ светот, а може да се одгледува и во саксии. Неодамна стана состојка во многу козметички серуми. Поради што?
Кога се применува локално, екстрактот од растението Acmella Oleracea го имитира третманот со ботокс благодарение на состојката наречена спилантол. Има моќ ефикасно да ги парализира мускулите на лицето, слично како што тоа го прави ботоксот.




На овој начин, спилантолот ги смирува и измазнува брчките, што резултира со помазен тен и кожа која изгледа помлада. Доколку имате можност, консултирајте се со вашиот дерматолог или козметичар за тоа како би можеле да го вклучите екстрактот од ова растение во вашата рутина за нега.


