ПИЈАЛОК КОЈ ГО РЕГУЛИРА ХОРМОНОТ НА СТРЕСОТ И ПРОМОВИРА СЛАБЕЕЊЕ: Ставете ги овие состојки во литар вода и намалете ги килограмите

Рецепт за напиток за детоксикација и слабеење – ставете 4 намирници во 1 литар вода!

Една од главните состојки за детоксикација е дефинитивно ѓумбирот. Оваа суперхрана е богата со витамини, минерали и антиоксиданси исто така се препорачува за слабеење, а се користи и свеж корен од ѓумбир.

Како ѓумбирот промовира губење на тежината?

1. Ја стимулира термогенезата – Главниот изразен ефект на ѓумбирот врз слабеењето се должи на способноста на корените да ја зајакнуваат термогенезата – производство на топлина што ги следи сите процеси во телото, и го поддржува топењето на масните наслаги.

2. Го поттикнува варењето – Римјаните го ценеле ѓумбирот поради неговите дигестивни својства и со задоволство го користеле како средство за подобрување на варењето по консумирање големи количини на храна.

Од античко време, ѓумбирот е познат како растение кое го олеснува варењето и, како што докажале научните студии, ја забрзува апсорпцијата на хранливите материи преку цревниот ѕид.

3. Го регулира нивото на кортизол и инсулин – Кортизолот, попознат како хормонот на стресот, е составен дел од хормоналната рамнотежа на секој човек. Но, со зголемен стрес кортизолот драстично се зголемува, а со тоа се буди апетитот и материите побрзо се претвораат во масти отколку во енергија.

Доколку користите ѓумбир за слабеење, од голема помош ќе ви биде способноста на корените да го потиснат зголеменото производство на кортизол.

4. Одличен извор на енергија – Освен што согорува масти, ѓумбирот е и одличен извор на енергија, хранливи материи и ги ублажува болките во мускулите предизвикани од физичката активност.

Рецепт за пијалок за слабеење со ѓумбир 

Покрај ѓумбирот, и другите состојки на овој напиток се исклучително здрави, поттикнуваат слабеење и исфрлање на токсините од телото.

Состојки:

  • 3-4 лажички зелен чај
  • 4 см свежо рендан корен од ѓумбир
  • 1/2 сечкан излупен лимон
  • листови од свежо нане, по вкус

Подготовка:

Во 500 мл вода ставете изрендан ѓумбир и варете околу 15 минути на средна температура. Се трга од оган, па се додаваат лимонот и нането и се оставаат да отстојат околу 10 минути. Напитокот процедете го и оставете да се излади.

Зелениот чај прелијте го во 500 мл врела вода, оставете го да отстои 3 минути, па процедете го. Кога зелениот чај ќе се олади, измешајте го зелениот чај со течноста од лимон и ѓумбир и консумирајте ладен напиток во текот на денот.

Поврзани објави

Comments

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Stay Connected

0FansLike
2,954FollowersFollow
0SubscribersSubscribe

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

НЕДЕЛЕН ХОРОСКОП ОД 8 ДО 14 МАЈ: Рибите можат да се заљубат на прв чекор, Стрелците имаат можност да ги жнеат плодовите од својот...

Дознајте што открива неделниот хороскоп за вашиот знак од 8 до 14 мај 2023 година! Овен Од крајот на март се соочувате со некои недостатоци во...

ВИКЕНД ХОРОСКОП ОД 05 ДО 07 МАЈ: Близнаците треба да се посветат на здравјето, а Стрелците на нежното водство на Универзумот

Дознајте што предвидува хороскопот за вашиот знак за викендот од 5 до 7 мај 2023 година! Овен Затемнувањето на Месечината во Скорпија ќе има силно влијание...

КОЈ ЌЕ ИМА СРЕЌА СО ПАРИТЕ ВО МАЈ 2023: Овие знаци ќе успеат да заработат повеќе и да ги подобрат финансиите

3 хороскопски знаци очекуваат среќа со парите во мај 2023 година - дознајте каква финансиска енергија ни носи овој месец! Пролетта е период на добри...

НЕДЕЛЕН ХОРОСКОП ОД 24 ДО 30 АПРИЛ: Близнаци – неделата ви започнува одлично, Девица – не е се така темно во љубовта

Дознајте што открива неделниот хороскоп за вашиот знак од 24 до 30 април 2023 година! Овен Драг Овен, во овој период не ви недостасуваат потврди и...

ВИКЕНД ХОРОСКОП ОД 21 ДО 24 АПРИЛ: Близнаците се справуваат со финансиски проблеми, срцето на Девицата ги шепоти тајните на среќата

Дознајте што открива хороскопот за вашиот знак за викендот од 21 до 24 април 2023 година! Овен Верувајте им на своите чувства и избегнувајте да бидете...